Баерн доведе 17-годишник за 28 милиони евра

од Nikola Popovski
160 прегледи

Младиот фудбалер на Рено, Матис Тел, ќе потпише договор со Баерн Минхен, тврди познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Французинот е роден на 27 април 2005 година, а неговата игра се карактеризира со брзина и дриблинг.

„Тел еден ден ќе биде врвен напаѓач. Верувам дека ќе постигнува 40 гола по сезона“, изјави тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.

Германскиот клуб се согласи на Рен да му плати 20 милиони евра, плус 8,5 милиони преку бонуси за Тел.

Во претходната сезона одигра 10 натпревари за првиот тим на Рен и е член на француската младинска селекција за играчи до 17 и 18 години. За нив постигна 10 гола на 15 натпревари.

 

Слични содржини