Баерн е подготвен да го продаде Левандовски, доколку му најде замена

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Баерн (Минхен) е се понаклонет да се раздели со својата голема ѕвезда Роберт Левандовски на лето. Полјакот не ја крие желбата да ја напушти Алијанц Арената, но досега сигналите од раководството беа дека нема да го пуштат и ќе го обврзат да го исполни договорот кој е до летото 2023 година. Сепак, се чини дека газдите почнуваат да омекнуваат и се подготвени да ја преиспитаат својата позиција, се додека најдат доволно добра замена за напаѓачот, тврди „Спорт 1“.

Во моментов спортско-техничкиот штаб на Баварците напорно работи на изборот за новата сезона и врвен приоритет е пронаоѓањето на нов квалитетен напаѓач. Клубот разгледува неколку потенцијални кандидати, но се уште не се одлучил за ниту еден од нив.

Во меѓувреме, Барселона будно ја следи ситуацијата со Левандовски и е подготвена да испрати официјална понуда за 33-годишниот Полјак. Не е тајна дека Каталонците сакаат да го земат во своите редови, а се чини дека желбата на самиот фудбалер е кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“ и да си ја проба среќата во Ла Лига.

Левандовски е во Баерн од 2014 година, кога беше донесен без пари од Борусија (Дортмунд). За Баварците има импресивни 344 гола и 72 асистенции на 374 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини