Баерн ги казни промашувањата на Барса и славеше во големото дерби

од Nikola Popovski

Со вечерашните натпревари продолжи групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА. Баерн во големото дерби ја совлада Барселона со 2:0.

Фудбалерите на Баерн Минхен беа подобри од Барселона во групата Ц во големото дерби Блауграните беа многу подобар ривал во првото полувреме пропуштајќи три големи шанси. Две преку Левандовски и една преку Педри, но мрежите мируваа.

Сепак, Баерн ги казни грешките на тимот на Чави Ернандез во вториот дел. Лукас Ернандез им донесе водство во 50. минута по асистенција на Кимих.

Не требаше многу време за вториот гол. Само пет минути подоцна Сане со брилијантна минијатура мина низ одбраната на Барселона и ја затресе мрежата на Тер Штеген.

Педри до крајот на мечот ја погоди стативата, но мрежата на Мануел Нојер не се затресе.

По два гола, Баерн е лидер на табелата во групата Ц со 6 бодови, Барселона и Интер имаат по три, додека Викторија Плзен е на последното место без бодови.

Слични содржини