Баерн го убедува Левандовски да остане, Халанд не им е во плановите

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Полските медиуми неодамна објавија информација дека Роберт Левандовски усно се договорил со Барселона и дека од следната сезона треба да се пресели од Минхен во Каталонија. Оливер Кан, генералниот директор на Баерн изјави дека нема да прифати евентуално заминување на најдобриот клупски стрелец.

Баерн ненадејно испадна од Лигата на шампионите во четвртфиналето. Виљареал беше подобар, а со оглед на бодовната предност во Бундеслигата, клубот полека почна да се подготвува за следната сезона.

Левандовски не е задоволен од понудата што ја има од клубот за продолжување на соработката, а наводно веќе и „намигнал“ на Барселона за да почне да го подготвува трансферот.

„Роберт Левандовски до денешен ден има важечки договор со Баерн за уште една сезона по оваа. Сакаме тој да остане со нас што е можно подолго. Малку сме загрижени, гледајќи ги неговите години. Затоа се оди побавно отколку што би сакале“, откри Оливер Кан во интервју за телевизијата Спорт1.

Кан признава дека не е изненаден што Полјакот сака да ја напушти Баварија.

„Секако, Левандовски размислува за заминување, бидејќи освои се што можеше во Баерн. Наше е сега да го убедиме да остане“, изјави генералниот директор на Баерн.

Некогаш прославениот голман смета дека Ерлинг Халанд сигурно нема да дојде во Баерн следното лето.

„Не би ја завршиле нашата работа како што треба доколку не следиме толку млад и талентиран играч како Халанд. „Но, целиот пакет, кој вклучува компензација, провизии и неговата плата, е далеку, далеку од нашите можности, дури и во имагинацијата“, рече Кан, убеден дека Баерн не може да одвои околу 300 милиони евра за доведување на Халанд…

Слични содржини