50
По неколкунеделни преговори, Баерн (Минхен) и Баер (Леверкузен) постигнаа начелен договор за цената на Јонатан Та, кој Баварците го посакуваат во своите редови. Шампионите на крајот прифатиле понуда од 25+5 милиони евра, откако последен пат одбиле една за 20+5 милиони, прецизира „Кикер“.
Сепак, евентуалната зделка ќе се реализира само доколку Матаис де Лихт биде продаден. Познато е дека холандскиот дефанзивец на Баерн е трансфер цел на Манчестер Јунајтед, а преговорите се во тек.
Јонатан Та беше клучен во неверојатната сезона на Леверкузен. Потоа беше стартер во репрезентацијата на Германија за Европското првенство. 28-годишниот централен дефанзивец веќе девет сезони е во Баер Леверкузен.