137
Извидниците на Баерн (Минхен) во живо ги следеа настапите на дефанзивниот играч за врска на Порто, Алан Варела на натпреварот со Виторија Гимараеш минатиот викенд, пишува „О Јого“. 22-годишниот Аргентинец беше еден од најдобрите и најконстантните играчи на „змејовите“ оваа сезона и се очекува да биде продаден на лето.
Ослободувачката клаузула на играчот од средниот ред е 70 милиони евра.
Интерес за неговите услуги имаат и од Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси и Атлетико Мадрид.
Дотичниот е дел од Порто од минатото лето кога беше купен од Бока Јуниорс.