473
Германскиот гигант Баерн Минхен е прогласен за најсилен фудбалски бренд оваа година, додека од друга страна, по неуспехот во европската Суперлига, најсилните европски клубови доживуваат огромни загуби.
Минхен многу брзо негираше каква било врска со Европската Суперлига, иако важеа за еден од 12-те клубови основачи и добија оценка ААА + за брендот. Нивната сегашна вредност е 3,6 милијарди евра.
Германскиот клуб минатата сезона ги освои Бундеслигата, Купот на Германија, УЕФА Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светскиот клупски шампионат на ФИФА и Суперкупот на Германија.
Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед се уште се на врвот на најценетите светски фудбалски брендови и покрај фијаското со Европската Суперлига.