Баерн Минхен во страв од шпионажа

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Фудбалскиот клуб Баерн сака да изгради посебен тренинг центар, кој целосно ќе биде скриен од јавноста, пренесе „Билд“.

Баварскиот гигант започна со првите чекори за изградба на посебен терен за тренинзи пред важни натпревари.

Раководството на клубот се реши на ваков чекор бидејќи сака да избегне потенцијална шпионажа од противнички скаути пред важни натпревари.

Фудбалерите на Баерн ја започнаа одбраната на титулата во Бундеслигата на многу импресивен начин, откако на три натпревари постигнаа 15 гола, а примија само еден гол.

Исто така, сезоната ја започнаа со подигнување на трофејот во германскиот Суперкуп, совладувајќи го Лајпциг со 5:3.

Слични содржини