Баерн му понуди нов договор на Гнабри, плата – околу 19 милиони евра

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Баерн (Минхен) му понуди нов договор на крилниот напаѓач Серж Гнабри. Актуелниот договор на 26-годишниот Германец истекува следното лето и тој ќе може да замине како слободен играч.

Според „Билд“, предлогот на раководството на Баварците е за плата од 17-19 милиони евра по сезона. Клубот нема да го подобри својот предлог доколку Гнабри одбие да го потпише.

Во тој случај ќе биде продаден на лето за да не се изгуби без пари следната година.

Не недостига интерес за играчот. Него го бараат Реал Мадрид и клубовите од Премиер лигата.

Слични содржини