176
Баерн (Минхен) му понудил на дефанзивецот на Јувентус, Матаис де Лихт договор до 2027 година, објави новинарот Флоријан Плетенберг.
Тој додава дека страните веќе имаат усмен договор за трансферот.
Клубот од Минхен ја подготвува првата официјална понуда за „бјанконерите“ која се очекува да биде околу 65 милиони евра плус уште десет во бонуси.
Во исто време, клубот од Торино планира да го доведе одбранбениот играч на Наполи, Калиду Кулибали на местото на 22-годишниот Холанѓанец, а веќе имало средба меѓу претставниците на двете страни.
Де Лихт постигна три гола и запиша една асистенција во 42 настапи за тимот од Торино минатата сезона.
Договорот на дефанзивецот со клубот е до 30 јуни 2024 година.