Баерн Минхен може да изгуби уште една sвезда по Давид Алаба, пишува Билд.
Кингсли Коман (24) побара нов договор со плата од 17 милиони евра годишно, а оваа идеја е неприфатлива за челниците на Баерн. Баварците веднаш ги прекинаа преговорите и сега Коман е во потрага по нов клуб.
Францускиот офанзивен фудбалер во моментов заработува околу десет милиони евра по сезона, а неговиот договор трае до 30 јуни 2023 година. Според „Трансфермаркт“, тој вреди 65 милиони евра и Минхен би сакал да го продаде за таа цена ова лето.
Агент на Коман е контроверзниот Пини Захави, кој е и агент на Давид Алаба. Австриецот со месеци преговараше за нова плата во Баерн, а потоа го напушти клубот откако му истече договорот и замина во Реал Мадрид.
Коман оваа сезона одигра 39 натпревари и постигна осум гола и додаде 15 асистенции. Тој во својата кариера играше за ПСЖ и Јувентус, а во Баерн е од летото 2017 година.