Баерн нема да ги исполни барањата на Алфонсо Дејвис, „Бернабеу“ следна дестинација?

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Изгледите Алфонсо Дејвис ќе ја промени клупската припадност во претстојното лето и преселбата од Баерн (Минхен) во Реал Мадрид почнува да изгледа се пореална.

Договорот на бекот е до крајот на следната кампања, а разговорите меѓу него и Баварците одат доста тешко. Канаѓанецот поставил превисоки финансиски барања во висина од 20 милиони евра по сезона, информира „Билд“. Од „Алијанц Арена“ дефинитивно нема намера да се согласи на толку високи финансиски барања, а несогласувањата се премногу сериозни и тешко би се постигнал некаков компромис.

Ова е големата причина што го прави голем оптимист за евентуална зделка во таборот на Реал Мадрид.

„Билд“ додава дека Баерн на лето ќе биде подготвен да се раздели со играчот за сума меѓу 50 и 60 милиони евра, за да не го пушти без пари следната година. Шпанските медиуми споменуваат точно 50 милиони како сума што „Сантијаго Бернабеу“ се подготвени да ја потрошат за да го донесат Алфонсо Дејвис во својот тим за следната сезона.

Слични содржини