Баерн нема интерес за Роналдо, контрира „Билд“

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Информациите за можен трансфер на Кристијано Роналдо во Баерн (Минхен) не се точни, вели главниот уредник на „Билд“ Кристијан Фалк.

Неколку часа претходно шпанскиот весник „Ас“ и португалските медиуми објавија дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед е меѓу опциите за замена за Роберт Левандовски, кој се обидува да замине во Барселона.

ЦР7 има договор со „црвените ѓаволи“ на уште една сезона. Следната зима ќе наполни 38 години.