Баерн нуди 60 милиони фунти за нов Англичанец

од Vladimir Zorba
662 прегледи

Баерн Минхен подготвува понуда за младиот играч од средниот ред на Кристал Палас, Адам Вартон. Баварците го посакуваа играчот од средниот ред уште во јануари, но тогаш тој се пресели од Блекбурн во Палас.

Според „The Sun“, посредник во зделката е Хари Кејн, а интерес за него има и од Челси. Палас го потпиша Вартон за 18 милиони фунти, но се очекува управата на клубот сега да сака три пати повеќе за него – околу 60 милиони фунти.

Се верува дека желбата на играчот е да биде во клуб кој редовно учествува во Лигата на шампионите. Во оваа ситуација Кристал Палас тешко ќе го задржи талентот. Слична е ситуацијата и со уште две ѕвезди на клубот – Мајкл Олисе и Еберечи Езе.

Баерн пројавува интерес за уште еден премиерлигаш. Дефанзивниот играч за врска на Евертон, Амаду Онана, кој е проценет на 50 милиони фунти.

Слични содржини