Баерн одби 35 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Де Лихт

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Понуда од 35 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Матаис де Лихт била одбиена од раководството на Баерн (Минхен), пренесува „Билд“.

Англискиот клуб долго се обидува да го ангажира дефанзивецот, но Баварците сакаат повеќе пари.

Германците бараат 50 милиони евра плус бонуси со оглед на тоа што пред две години за него платија 67 милиони евра на Јувентус.

Одделно, Манчестер Јунајтед сега мора да продаде некои играчи за да ослободи средства за плати.

Интерес има за Виктор Линделоф, Скот Мектомини и Џејден Санчо.

Слични содржини