Баерн одбил бесплатно да привлече ѕвезда на Ливерпул

од Stefanija Kuzmanovska
463 прегледи

ЛИВЕРПУЛ може да остане без Жоржињо Вајналдум. Договорот на холандскиот играч за врска истекува на крајот на јуни оваа година и во моментов нема индиции дека ќе го продолжи.

Долго време Вајналдум беше желба на Роналд Куман во Барселона, но развојот на ситуацијата го следат и други клубови. Еден од нив е Баерн, пишува Максимилијан Кох, новинар на германскиот „Abend Zeitung“.

Кох тврди дека Баерн добро ги познава квалитетите на овој играч и дека тој многу го цени. Сепак, од трансферот нема да има ништо бидејќи играчот за врска на Ливерпул има превисока плата за вкусот на германскиот шампион, а тие го сметаат за стар.

Баерн на тој начин одлучи да го одбие холандскиот репрезентативец кој ќе стане слободен играч на 31 година.

Вајналдум пристигна во Ливерпул во 2016 година од Њукасл. Пред тоа играше за Феенорд и ПСВ. Тој постигна 22 гола на 73 натпревари за националниот тим.

Слични содржини