259
Фудбалерите на Баерн денеска со 8:1 го победија тимот на Мајнц во натпреварот од 25.коло во Бундес лигата.
Три гола за Баерн постигна Хари Кејн, Леон Горецка постигна два гола, а по еднаш погодија Томас Милер, Џамал Мусиала и Серж Гнабри. Единствениот стрелец за Мајнц беше Надим Амири во 31. минута.
Баерн е втор во Бундеслигата со 57 бодови, а во следното коло ќе му гостува на Дармштад.