Фудбалерот на Штутгарт Ник Волтемад е мета на лидерот во германската лига Баерн Минхен, дознава Sky Sports.
Волтемад има 23 години и игра на позицијата напаѓач и офанзивен играч за врска.
Минатата сезона беше препознаен како редовен и важен член на ротацијата на Штутгарт, а во текот на тековната сезона целосно блесна и го привлече вниманието на фудбалските фанови и на скаутите.
Ник е висок 198 сантиметри, а за својата конституција е неверојатно агилен со топката.
Тој е физички способен да биде играчот околу кој се вртат акциите на „швабите“, но во последните месеци особено се истакнува со својата добра позиција и луцидноста што ја покажува кога ја прима топката меѓу редовите на противничката екипа, дури и кога е опкружен со ривали.
Волтемаде оваа сезона одигра 24 натпревари во сите натпреварувања. Германецот постигна 12 гола и запиша уште три асистенции.
Баерн е во потрага по играч кој би бил резервна опција на Хари Кејн. Волтемаде ја доби довербата на тренерот на Штутгарт како редовен првотимец, а алтернатива за Баварците е напаѓачот на Мајнц – Џонатан Буркарт.
Штутгарт е на 10. место на табелата со 37 бодови.
Тимот на Хенес заостанува осум бода зад Ајнтрахт, кој е на четвртото место – најниската позиција што гарантира пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Штутгарт гостува кај Ајнтрахт во 27. коло од Бундес лигата.