Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио.
Италијанскиот новинар Николо Шира објави дека Баерн стапил во контакт со мајката на Рабио, Вероник, која е и негов менаџер.
Вероник Рабио е позната по нејзиниот безкомпромисен став за време на преговорите и поради неа, Адриен претходно пропушти неколку договори.
„Газета дело Спорт“ на почетокот на 2023 година објави дека трансферот на Рабио во Манчестер Јунајтед пропаднал затоа што неговата мајка барала премногу пари.
Јувентус, исто така, сака да го задржи откако одигра 199 натпревари од 2019 година, постигнувајќи 21 гол и 15 асистенции.
Се очекува Рабио до крајот на сезоната да донесе одлука дали ќе остане во Торино или ќе побара нова средина.