Бафет ја напушти фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“

од Vladimir Zorba

Финансиерот Ворен Бафет поднесе оставка од функцијата комесар на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. Позицијата на Бафет во одборот беше одличен ПР за фондацијата.

Бафет ја објави одлуката за оставка од управниот одбор на Фондацијата Гејтс.

Во изјавата пренесена од Си-Ен-Би-Си, Бафет рече дека се повлекува од одборот, „исто како што тоа го стори во сите други управни одбори, освен корпорацијата Беркшир“.

„Со години бев комесар на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Сега се повлекувам од таа позиција, исто како и во сите други корпоративни одбори“, рече Бафет.

Како што признава и самиот Бафет, тој бил „неактивен“ член на управниот одбор. Овој одбор, покрај него, вклучуваше само уште двајца членови, а тоа беа Бил и Мелинда Гејтс.

Бафет и дал на Фондацијата Гејтс 27 милијарди долари во изминатите 15 години.

Слични содржини