БАФТА: „1917“ е најдобар филм, а Зелвегер и Феникс најдобри актери

349 прегледи

Историскиот филм „1917“, ја доби британската награда БАФТА за најдобар филм и најдобр режија, а меѓу актерите, во неделата навечер на 73. по ред свеченост на британските филмски награди, овековечени се Рене Зелвегер и Жоакин Феникс.

Филмот „1917“ кој го следи патот на британските војници во Првата светска војна освои награда за најдобар филм, а режисерот Сем Мендес за најдобра режија.

Приказната за Првата светска воја веќе освои два Златни глобуси и номинација за Оскар.

Со тоа, режисерот Сем Мендес ја победи силната конкуренција Мартин Скорсесе за филмот „The Irishman“, Тод Филипс (Џокер), Квинтен Тарантино (Си беше еднаш во Холивуд) и Бонх Јоон-Хоа (Паразит).

Американската актерка Рене Зелвегер ја доби Бафта наградата за најдобра актерка за својата интерпретација на легендарната холивудска ѕвезда Џуди Гарланд во биографскиот филм „Џуди“.

За таа улога Зелвегер, веќе освои номинација за Оскар и го освои својот Златен Глобус. За Бафта наградата за најдобра женска улога се натпреваруваа и Цеси Бакли во филмот „Wild Rose“, Скарлет Јохансон (Marriage Story), Саорис Ронан (Ќерката на докторот Марч) и Шарлиз Терон (Скандал).

Американскиот актер Жоакин Феникс ја освои овогодинешната Бафта за најдобар актер за својата интерпретација во филмот Џокер. 45-годишниот актер исто така се натпреварува и за Оскар во улогата на Џокер, а со освојување на Бафта наградата ја остави зад себе конкуренцијата Леонардо ди Каприо (Си беше еднаш во Холивуд), Адам Драјвер (Marriage Story), Џонатан Прајс (Џокер) и Тарон Егертон (Rocketman).

Слични содржини