Продолжува уривањето на илегално изградени објекти охридските плажи.
До средината на идниот месец плажите на брегот на Охридското Езеро плажите на потегот меѓу хотелот „Метропол“ и Пештани треба да бидат целосно ослободени од илегално изградени објекти и уредени до состојба каква што биле пред нивното издавање под концесии пред повеќе од 15 години.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески најави дека активностите на терен ќе почнат после празниците.
За таа намена Општина Охрид располага со шест милиони денари средства добиени од централната власт, додека три милиони денари се дополнително обезбедени преку алокација на средства од општинскиот буџет.