Српскиот пејач Момчило Бајагиќ Бајага откри дека имал реакција на вакцината против корона и дека не се чувствува добро.
„Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција“, изјавил тој за српски „Курир“.
Дека се вакцинирал, откри Бајага во неодамнешното интервју за „Дневни аваз“ по повод неговиот 61 роденден (19 февруари).
„Што се однесува до мојот роденден, немав големи планови и претходните години. Го славам роденденот со пријателите и семејството, односно одиме на пијачка. Но, бидејќи денес ја примив вакцината, не можам ништо да се напијам“, изјавил тогаш Бајага.
Тој, сепак, призна дека не бил воодушевен од вакцинацијата, но верувал дека тоа е единствениот начин за борбата против коронавирусот.
„Морав да се вакцинирам, затоа и ја примив. Повеќето од мене го направија тоа, иако не ги познавам сите. Очигледно дека ќе мора да се вакцинираат, особено луѓето што патуваат. Не сум воодушене од вакцинацијата, ниту сум голем поддржувач на тоа, но не гледам друга опција. Тоа е единствениот начин да се бориме против коронавирусот моментално“, изјавил Бајага.