Бајага со нова љубов по разводот?

од Vladimir Zorba
577 прегледи

Момчило Бајагиќ Бајага отсекогаш го криел од очите на јавноста својот приватен живот, па ретко се појавувал на настани со поранешната сопруга.

Живееле прилично тивко, без никакви скандали, а нивниот развод ја шокираше јавноста.

Но, сега, како што пишуваат српските медиуми, тој е снимен со мистериозна црнка за која тврдат дека е неговата нова партнерка.

Наводно, музичарот веќе живее заедно со новата девојка „која му е блиска по години“.

Да потсетиме, Бајага многу свои песни и посвети на поранешната сопруга.

Пред да се венчаат тој и Емилија беа во врска седум години, а нивната љубовна приказна започнала во автобус.

Слични содржини