Претседателот на САД, Џо Бајден денеска телефонски ѝ се заблагодари на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен за тоа што ЕУ одобри помош од 50 милијарди евра за Украина, соопшти Белата куќа.
„Бајден истакна дека тоа е значаен пакет финансиска помош за Украина да продолжи да се бори против руската агресија“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.
На специјалниот денешен самит на Европска Унија во Брисел беше договорена помош за Украина во висина од 50 милијарди евра.
Со договорот се става крај на неизвесноста околу поддршката од ЕУ за Украина, поради најавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека може повторно да стави вето за пакетот помош, како што се случи на претходниот Самит на ЕУ во декември