Бајден: Целиот свет е побезбеден кога САД и Јапонија се држат заедно

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска во разговор со јапонскиот премиер Фумио Кишида во Хирошима дека целиот свет е побезбеден кога САД и Јапонија се држат заедно.

„Ние се залагаме за заеднички вредности, вклучително и поддршка на храбриот народ на Украина додека ја бранат својата суверена територија и ја повикуваат Русија на одговорност за нејзината брутална агресија“, рече Бајден, кој денеска пристигна во Хирошима пред самитот на Групата седум (Г7), пренесе „Кјодо“.

Кишида го поздрави успешниот развој на односите меѓу САД и Јапонија, објави АП.

Слични содржини