Бајден денес ќе ја прими вакцината против корона

од Nikola Popovski
173 прегледи

Избраниот американски претседател Џо Бајден денеска треба да ја прими вакцината против коронавирус, јавуваат светските медиуми.

Бајден (78) соопштил дека не сака да го прескокне редот за вакцината, туку да му покаже на американскиот народ дека е безбедно да се вакцинира.

Телевизија ќе пренесува во живо како Бајден ја прима првата доза на вакцината против коронавирус.