Бајден: До мај доволно вакцини за сите возрасни граѓани

од Nikola Popovski
170 прегледи

Претседателот на Соединетите држави, Џозеф Бајден, изјавил денес дека доволно вакцини за возрасната популација ќе пристигнат во оваа земја до крајот на мај.

Пред неколку дена, во Америка била одобрена третата вакцина против коронавирус Џонсон и Џонсон, за која се советува да се користи само една доза.

Белата куќа најави дека ќе ја поддржи соработката на компанијата Мерк со компанијата Џонсон и Џонсон, за вакцините да бидат подготвени што е можно побрзо.

„Сега сме на добар пат да имаме доволно вакцини за секој возрасен човек во Америка до крајот на мај“, рече Бајден.

Бајден исто така објави план за вакцинација за наставници и професори, според кој тие спаѓаат во приоритетните групи.

„Ние сакаме секој наставник, вработен во училиште и работник за грижа на деца да прими барем една доза од вакцините до крајот на март“, рече тој.

Америка започна да ги вакцинира приоритетните групи во декември, користејќи ги вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна.

Вакцината Џонсон и Џонсон се покажа како 66 проценти ефикасна во спречување на тешки форми на Ковид-19 и хоспитализација.