Бајден доаѓа на власт виртуелно

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе се одржи на 20 јануари и се очекува да биде претежно виртуелна.

Не се планира да се одржи многу посетуваната парада по авенијата Пенсилванија во чест на идниот претседател и нема да има банкети или мали прослави.

Наместо тоа, избраниот претседател соработува со организаторите на виртуелниот спектакл на демократската национална конвенција што се одржа во октомври.

Ваквата инаугурација е резултат на моменталната пандемија на коронавирус, бидејќи Бајден се одлучи за виртуелни настани за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Бидејќи инаугурацијата се смета за посебен настан за националната безбедност, таа ќе се организира на највисоко можно безбедносно ниво во соработка со ФБИ и другите федерални разузнавачки агенции.

Слични содржини