Бајден: Додека Американците умираат, Трамп игра голф (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Поранешниот потпретседател на САД и сега кандидат за демократски претседател, Џо Бајден го критикуваше сегашниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп, затоа што тој игра голф, додека бројот на загинати од коронавирусот расте во земјата.

Овој викенд Трамп за прв пат од почетокот на пандемијата отиде во својот голф-клуб во државата Вирџинија.

Бајден објави видео клип од 30 секунди со твит: „Скоро 100.000 Американци починаа. Десетици милиони се без работа“.

На снимките се прикажани сцени на Трамп како игра голф и сцени од болници, Ковид-19 пациенти и здравствени работници.

„Бројот на загинати сè уште се зголемува. Претседателот игра голф“, напиша Бајден.