Бајден ги пофали истражните органи за брзото апсење на осомничениот за протекување доверливи документи

од Nikola Popovski
99 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајен денеска ја пофали брзата акција на истражните органи, во која во четвртокот беше уапсен осомничениот Џек Тешеира за кражба и објавување доверливи информации на Пентагон.

„Ја поздравувам брзата акција преземена од органите за спроведување на законот во врска со неодамнешното објавување на доверливи документи на американската влада. Сè уште ја утврдуваме валидноста на тие документи, а во меѓувреме побарав од нашата воена и разузнавачка заедница да преземе чекори за дополнително обезбедување и ограничување на дистрибуцијата на чувствителни информации, а тимот за национална безбедност тесно да се координира со партнерите и сојузниците“, се вели во соопштението на Бајден од Белата куќа.

Припадникот на американската Национална гарда Џек Даглас Тешеира (21), кој беше уапсен во четвртокот поради објавување доверливи информации од Пентагон, е обвинет за неовластено отстранување и задржување на доверливи документи и материјали.

Тој ќе биде во притвор до почетокот на судењето, одлучи судијата на барање на американското Министерство за правда.

Слични содржини