
Речиси сите сериозни анкети во Соединетите Американски држави покажуваат дека претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, ги зголемува шансите за победа на претседателските избори над Доналд Трамп скоро од ден на ден, објави Си-Ен-Ен.
Само 100 дена пред претседателските избори во ноември во САД, анкетите покажуваат дека 29 проценти од испитаниците сметаат дека коронавирусот е најважниот проблем со кој се соочуваат САД, додека скоро половина од анкетираните веруваат дека најважното национално прашање е економијата.
Фактот дека Американците го перцепирале вирусот, а не економијата како најважното национално прашање, укажува дека претседателот Трамп, во овој момент, се соочува со сериозен проблем.
Сепак, аналитичарите сметаат дека шансите за победа на Трамп би можеле повторно да се подобрат доколку се подобри епидемиолошката состојба во земјата.
„Во моментов, вие подобро е да сте Џо Бајден отколку Доналд Трамп, но изборната трка сè уште е далеку од завршена“, заклучува Си-Ен-Ен.