Бајден: Гледаме 50-годишен тренд на напредок во односите помеѓу САД и Виетнам

од Radmila Tasevska
260 прегледи

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска во Виетнам изјави дека Вашингтон и Ханој имаат шанса да одредат каков ќе биде регионот на Индо-пацификот во следните децении.

Според Бајден, односите меѓу Виетнам и САД еволуирале по Виетнамската војна, која заврши пред околу половина век.

Виетнам ги дефинираше своите односи со САД како сеопфатно стратешко партнерство, што во дипломатската класификација на Ханој е највисоко ниво на односи со странска земја. Бајден го поздрави потегот на Ханој и изрази надеж дека за време на посетата ќе биде постигнат напредок за климатските и економските прашања.

– Гледаме 50-годишен тренд на напредок во односите меѓу нашите земји од конфликт до нормализација и потоа до овој нов висок статус, посочи Бајден.

Генералниот секретар на Виетнамската комунистичка партија Нгуен Пу-чонг истакна дека неговата земја ќе работи напорно во рамките на договорот за да им даде нов статус на односите меѓу САД и Виетнам, бидејќи „само тогаш можеме да кажеме, дека тоа е успех“.

Слични содржини