Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“, велејќи дека поради него и други секогаш мора да се грижи за можен нуклеарен конфликт, иако, како што наведе, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото, пренесе АП.

Обраќајќи им се на донаторите во приватен дом во Сан Франциско во средата, како дел од тридневното собирање средства во Калифорнија за неговата кампања за реизбор во 2024 година, Бајден, исто така, навел дека е вчудовиден што поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп ги спореди неговите правни проблеми во САД до смртта во затвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Бајден и претходно во јавноста го користеше навредливиот термин „кучкин син“, како што го нарече новинарот на „Фокс њуз“ од Белата куќа во јануари 2022 година, потсетува „Гардијан“.

Бајден, како што пренесува АП, рекол дека не разбира зошто Трамп се споредува себеси со Навални и зошто вели дека е прогонуван како што беше руската опозициска личност.

Трамп беше казнет со 350 милиони долари откако судијата во Њујорк утврди дека со години лажел за своето богатство во финансиските извештаи на неговите компании. Трамп рече дека пресудата е форма на „комунизам или фашизам“.

За време на кампањата за собирање средства во Беверли Хилс во вторникот вечерта, Бајден ги истакна своите напори да ѝ помогне на средната класа и предупреди дека победата на Трамп во ноември може да доведе до забрана на абортусот на национално ниво.

Слични содржини