Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го одржа традиционалниот годишен молитвен појадок на Капитол Хил, за време на кој повика на мир во светот, особено во Појасот Газа и Украина.
„Ние не само што се молиме за мир, туку активно работиме за мир, безбедност и достоинство на израелскиот и палестинскиот народ“, рече Бајден.
Тој додаде дека работи на враќање на заложниците дома, на ублажување на хуманитарната криза и за воспоставување „траен мир“ во Појасот Газа и Израел.
„Исто како што работиме за мирот, безбедноста и достоинството на украинскиот народ кој покажува неверојатна решителност и отпор кон агресијата на Путин. Предизвикот на нашето време не потсетува на нашата одговорност како нација да си помагаме еден на друг. Праведен и траен мир, да го постигнеме во странство и овде дома“, порача Бајден.