Бајден го одржа ветувањето: Постигна цел и веќе најави која ќе биде следна

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Во Соединетите држави беше постигната целта на претседателот Џо Бајден за примена на 100 милиони дози вакцини против коронавирусот, повеќе од еден месец пред истекот на 100 дена на должност, што е крајниот рок што тој го постави, пренесува АП .

Во моментов се даваат околу 2,5 милиони дози дневно во САД.

Бајден навести дека неговата следна цел ќе биде администрирање на 200 милиони дози до крајот на 100 дена од преземањето на функцијата.

„Би требало да успееме да го удвоиме бројот“, рече Бајден денес.

САД имаат доволно залихи од три одобрени вакцини – „Фајзер“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“ – за да ја покријат целата возрасна популација за 10 недели, наведе „Асошиејтед Прес“.

Слични содржини