Американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша законот вреден 430 милијарди долари, кој се смета за најголем пакет климатски мерки во американската историја и има за цел да ги намали емисиите на штетни гасови, но и да ги намали цените на лековите кои се издаваат на рецепт и зголемената инфлација, пренесува „Ројтерс“.
Законот што Бајден го потпиша вчера на церемонија во Белата куќа, во присуство на водечки демократи, ги опфати најзначајните инвестиции на федералните власти во борбата против климатските промени од околу 375 милијарди долари во период од 10 години.
Малку порано Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот за климатски промени, здравство и даноци, кој се нарекува и закон за намалување на инфлацијата, а претходно истото го направи и Сенатот.