Бајден го повика Путин: Русија чека дополнителни информации пред важната одлука?!

358 прегледи

Москва и Вашингтон се во контакт, во врска со учеството на Русија на самитот за климатски промени, на кој американскиот претседател го покани шефот на руската држава.

Барем така објавија од руското Министерство за надворешни работи.

Наведено е дека Русија чека дополнителни информации од Соединетите држави, пред да донесе одлука за форматот на можно учество на состанокот.

Белата куќа објави дека ги поканила Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот, што ќе се одржи на 22 и 23 април, пренесува Ројтерс.

Слични содржини