Бајден го прекрши кралскиот протокол на состанокот со кралицата Елизабета

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Џо Бајден го прекршил кралскиот протокол кога неговата колона пристигнала на приемот за вечера на Г7 по англиската кралица Елизабета.

Американскиот претседател најпрво се сретна со кралицата Елизабета за време на самитот во Корнвол во петокот, на кој се собраа седум светски лидери во англискиот приморски град.

Делегацијата на Џо Бајден со 18 автомобили пристигна во Ејден Проџект пет минути откако кралицата пристигна таму со принцот Вилијам и Кејт и принцот Чарлс и Камила.

Сите гости треба традиционално да пристигнуваат пред кралицата за која било официјална пригода. Сепак, доаѓањето на Бајден по кралицата Елизабета не го расипа расположението на состанокот, а кралицата имаше срдечен разговор со претседателот на Соединетите држави, пишува „Кликс.ба“.

Слични содржини