Бајден го претстави економскиот тим: САД ќе ја добијат првата МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ во својата историја

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Џенет Јелен ќе биде првата министерка за финансии во историјата на САД, откако новоизбраниот претседател Џо Бајден одлучи таа да ја преземе функцијата по 20 јануари, за кога е закажана инаугурацијата.

Во вторникот, Бајден го претстави економскиот тим, кој ќе ги вклучува, покрај Јелен, Воли Адеџемо (заменик министер), Нира Танден (директор за управување и буџет), Сесилија Роуз (директор на Совет на економски советници), Хедер Буши (член на Совет на економски советници) и Џаред Бернштајн (член на Советот на економски советници).

На промоцијата, Јелен рече дека Соединетите држави се соочуваат со историска криза и дека економскиот пад бара итни активности за да се поправат работите.

– Во Америка се случува трагедија и многу е важно итно да реагираме. Ако не реагираме, ќе има уште поголем колапс – рече таа.

Слични содржини