Бајден го затекна Ердоган неподготвен: Нивниот поздрав на самитот на НАТО беше комичен (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Годишниот самит на НАТО во Брисел собра, како и секогаш, голем број светски лидери и бидејќи сè се случува среде пандемијата на коронавирус, се забележува дека многумина се поздравуваат на специфичен начин.

Така американскиот претседател Џо Бајден му се приближи на својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, а „поздравот со тупаница“, наместо традиционалното ракување, не помина без проблеми, бидејќи очигледно и двајцата беа збунети.

Бајден го затекна Ердоган неподготвен. Турскиот претседател седеше на масата кога Бајден му пријде, па целата ситуација изгледаше малку комично, што може да се види на видеото.

Патем, односите меѓу двете земји се прилично затегнати, а еден од последните потези што влијаеше на зголемувањето на тензиите е американското признавање дека отоманските турски сили извршиле геноцид врз Ерменците во 1915 година.

Со тоа соопштение, Бајден стана првиот американски претседател по 40 години кој официјално го призна геноцидот над Ерменците, и покрај противењето на Турција.

Слични содржини