Бајден: Хамас и Путин се различни закани, но имаат една заедничка работа

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден се обрати ноќеска од Овалната соба во Белата куќа во Вашингтон. Тема на обраќањето беше војната во Израел, а се осврна и на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова ќе биде пресвртница во историјата, она што го правиме денес ќе ги одреди исходите во децениите што следат. Нема повисок приоритет од ослободувањето на заложниците. Хамас и Путин се различни закани, но тие имаат една заедничка работа. Тие сакаат целосно да ја уништат соседната демократија“, рече Бајден.

Тој потоа изјави дека „историјата нè научи дека кога терористите не ја плаќаат цената за нивниот терор, кога диктаторите не ја плаќаат цената за нивната агресија, тие предизвикуваат уште поголем хаос и смрт и уште поголемо уништување“. После тоа, тој се осврна на Украина и рече дека „ако Соединетите Американски Држави не помогнат да се запре апетитот на Владимир Путин за моќ и контрола во Украина, тој нема да застане тука и ќе продолжи со освојувањата во Полска и балтичките земји“.

Баптистичката болница Ал-Ахли беше погодена во Појасот Газа во вторник, на 17 октомври, при што загинаа најмалку 500 луѓе. Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за истрелување на ракетите, а американскиот претседател рече дека израелската армија (ИДФ) не е одговорна за смртоносната експлозија.

„Моето срце е скршено од трагичната загуба на палестинските животи, вклучително и експлозијата во болницата во Газа, која не беше вина на Израелците. Не смееме да ги игнорираме судбините на невините Палестинци кои сакаат да живеат во мир“, рече Бајден.

Слични содржини