Бајден и Ердоган не најдоа решение за рускиот С-400

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган не успеаја да најдат решение за време на состанокот претходно оваа недела во врска со долгогодишниот спор меѓу двајцата сојузници на НАТО околу купувањето руски одбранбени ракетни системи од страна на Турција.

Советникот на Бајден за национална безбедност Jејк Саливан пред новинарите изјави дека постои обврска да се продолжи со дијалогот што тимовите на двете земји ќе го водат по ова прашање, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Турскиот претседател претходно рече дека на нивниот прв состанок му порачал на Бајден дека неговата земја нема да го смени ставот кон рускиот систем за ракетна одбрана С-400, за што Вашингтон воведе санкции за Анкара, објавија турските државни медиуми во четвртокот.

Нема напредок во решавањето на споровите

Бајден и Ердоган изразија оптимистички став по разговорот очи во очи, одржан во понеделникот, иако сојузниците на НАТО не постигнаа голем напредок во решавањето на споровите, вклучувајќи ги С-400, Сирија и други прашања.

Обраќајќи им се на новинарите на летот од Азербејџан, Ердоган рече дека Турција може да преземе многу поголема одговорност во Авганистан по планираното повлекување на САД и НАТО кон крајот на оваа година, објави Анадолија.

Слични содржини