Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа им порача на припадниците на ИСИС дека Америка нема да ги заборави одземените животи од вчерашниот напад во Кабул и дека скапо ќе платат.
Три експлозии одекнаа вчера во Кабул, при што досега загинаа 72 лица, додека над 150 се тешко повредени. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите, со што се потврдија сомнежите дека станува збор за бомбаши самоубијци.
Меѓу жртвите има деца, но и американски војници. Според досегашните информации, 12 американски војници го загубија животот. На почетокот на своето обраќање, Бајден рече дека тие се херои.
-Тие беа дел од пожртвувана, храбра и една од најсилните армии во светот. Тие беа столбот на ова општество. Џил и јас сме ужаснати и нашите срца се скршени. Јас сум татко на еден од војниците на оваа земја кој даде се за неа. Имам чувства за семејствата на сите оние кои ги загубија саканите. Нема излез од таа ситуација и срцето ме боли за тебе. Имаме света обврска кон сите вас“.
Бајден ги означи ИСИС и Талибанците како големи непријатели на државата и народот на САД и им рече дека скапо ќе платат за сите злосторства.
„Им порачувам на оние што го извршија нападот – нема да простиме, нема да заборавиме. Ќе ве најдеме и ќе платите“.
САД ќе продолжат со процесот на евакуација, а подготвен е и план за напад врз објектите што ги користи ИСИС.