Бајден: Имплементација на “Пржино” и веродостојни избори

од desk3
162 прегледи

 

bajden

Кабинетот на американскиот потпретседател Џо Бајден, испрати соопштение по средбата со премиерот Груевски.

Вајгл, Ховит и Кукан на средби во ДИК и Специјалното обвинителство

„Потпретседателот Џо Бајден денеска оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Потпретседателот и премиерот се согласија околу важноста за континуираната имплементација на Договорот од Пржино и од преземањето на дејствија кои се потребни за да се обезбедат веродостојни избори. Потпретседателот на САД ја истакна континуираната поддршка на САД за евроатланската интеграција на Македонија“, стои во соопштението на Белата куќа.

Инаку портпаролот на Стејт Департментот потврди дека Груевски немал средба со Нуланд.