Бајден ја осуди реакцијата на Трамп на протестите во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, изјави денеска дека земјата „плаче“ за лидерство, во време на протести што се одвиваат низ целата земја околу смртта на Џорџ Флојд, и го обвини американскиот претседател Трамп за употреба на сила против мирни демонстранти кои протестираат во близина на Белата куќа.

Обраќајќи се во Градското собрание на Филаделфија, американскиот демократски претседателски кандидат рече дека смртта на Флојд е повик за будење на американската нација.

Флојд починал откако полицаец го притисна за вратот со коленото повеќе од осум минути, објави Си-Би-Ес.

„Земјата бара лидерство што може да нè обедини“, рече Бајден.

Тој го осуди Трамп за неговата реакција на вчерашните протести во главниот град на САД, кога претежно мирни демонстранти беа растерани со солзавец од паркот „Лафајет“ спроти Белата куќа.

Набргу потоа, Трамп прошета низ паркот и се фотографираше пред црквата Свети Јован.

– Кога мирните демонстранти се избркани од прагот на Народната куќа, Белата куќа, со употреба на солзавец и лесни гранати за да се фотографирање пред црквата, може да ни биде простено, но веруваме дека претседателот е повеќе заинтересиран за моќ отколку принципи – рече Бајден.

Тој посочи дека е дојдено време американската нација систематски да се справи со расизмот, а Конгресот повика на акција во насока на полициските реформи.

„Претседателот на Соединетите држави мора да биде дел од решението, а не на проблемот“, рече поранешниот американски потпретседател.

Слични содржини