Соединетите држави не веруваат дека руските власти биле вклучени во сајбер-нападот врз „Колонијал цевковод“, изјави американскиот претседател Џо Бајден, потенцирајќи дека би сакал да разговара со рускиот лидер Владимир Путин за меѓународните стандарди за сајбер безбедност .
Сигурен сум дека правилно го прочитав извештајот на Федералната служба за безбедност за „Колонијал цевковод“ – се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин не е вклучен во тоа. Имаме добра причина да веруваме дека хакерите кои го извршија нападот живеат во Русија. Дојде оттаму, од Русија, истакна Бајден.
Додаде дека Соединетите држави се во директен контакт со Русија во врска со сајбер-нападот врз цевководот.
„Ние работиме на воспоставување на некакви меѓународни стандарди, така што земјите, кои знаат дека има криминални активности од нивната територија, така што сите можеме да дејствуваме против овие криминални групи. Очекувам дека ова ќе биде една од темите за кои ќе разговарам со претседателот Путин“, вели претседателот на САД.
Посочи дека повторното воспоставување на снабдувањето со гориво за САД ќе одземевреме, може да има одложувања. Ги предупреди продавачите на бензин дека ќе се следат обидите за покачување на цените и ги повика потрошувачите во САД да не паничат и да не купуваат повеќе бензин отколку што им треба.
Белата куќа сепак смета дека Русија „сноси некаква одговорност“ за постапките на хакерите, дури и ако властите не учествувале во тоа.