Американскиот претседател Џо Бајден во петок ќе го одржи својот прв виртуелен состанок со другите лидери на седумте најразвиени земји во светот (Г7) на кој ќе разговара за пандемијата на коронавирус, светската економија и односите со Кина, соопшти Белата куќа во неделата.
Ова ќе биде прва средба на лидерите на Г7 од април минатата година.
„Оваа виртуелна средба со лидерите на водечките демократски пазарни економии во светот ќе му обезбеди можност на претседателот Бајден да разговара за плановите за борба против пандемијата и за обнова на глобалната економија“, се вели во соопштението на Белата куќа.