Бајден ќе апелира до светските лидери да застанат покрај Украина На Генералното собрание на ОН

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден, според извори од американската администрација, ќе го искористи денешното обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации за да упати силен апел до светските лидери да застанат покрај Украина против руската агресија, пренесува Ројтерс.

„Тој ќе даде сеопфатен аргумент зошто поддршката за Украина е навистина важна, не само за нашата национална безбедност, туку и за одржување на Повелбата на ОН и идејата за суверенитет и територијален интегритет, и какво значење има сето тоа“, рече виш советник на администрацијата.

Бајден се соочува со критики од некои републиканци кои сакаат САД да трошат помалку пари во Украина.

Слични содржини