11
Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе одобри дополнителна безбедносна помош од 250 милиони долари за Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во воената база Рамштајн во Германија.
„Тоа ќе го зголеми капацитетот за задоволување на потребите на Украина во развој. И ние ќе ги испорачаме (според потребите на) војната“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повторно ги повика сојузниците да ги игнорираат „црвените линии“ наметнати од Москва и да му дозволат на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади на руска територија, пренесува Ројтерс.